First Aid WorldWide Manual

First Aid WorldWide Manual
First Aid WorldWide Manual
viber_image_2022-04-10_21-30-32-146
First Aid World Wide Manual

Erasmus +

Еразмус+ е најголемата европска образовна програма која се занимава со финансирање на проекти за мобилност и соработка во областа на образованието, обуката, младите и спортот. Создадена е во 2014 година, а во 2021 година влезе во нов седумгодишен период на имплементација кој ќе трае до 2027 година.
Програмата Еразмус+ настојува да овозможи учество на уште повеќе учесници и поширок опсег на организации во периодот 2021-2027 година. Во оваа насока, новата програма ја нагласува инклузивноста, зелените иницијативи и дигитализацијата како клучни и најважни приоритети кои ги поддржува преку финансиски механизми, потоа зајакнувањето на граѓанските вредности, дијалогот на културите, толеранцијата и разбирањето на општественото, културното и историското наследство.
Општата цел на Програмата е да го поддржи образовниот, професионалниот и личниот развој на луѓето во областа на образованието, обуката, младите и спортот преку доживотното учење.

Тоа се пред се европски земји, но и сите други земји во светот во одреден капацитет. Сите членки на програмата се поделени на земји-членки на ЕУ и трети земји поврзани со Програмата и трети земји кои не се поврзани со Програмата. Земјите-членки на ЕУ и трети земји поврзани со Програмата (членки на ЕУ и шест други земји: Северна Македонија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Турција и Србија) можат да учествуваат во сите делови на програмата, а трети земји кои не се поврзани со Програмата (сите други земји поделени по региони) можат да учествуваат само во некои делови од програмата.

„ПРВА ПОМОШ ВО СВЕТОТ“ Е ПАРТНЕРСТВО ЕРАЗМУС+ К202 ФОРМИРАНО ОД 5 СРЕДНИ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА ОД СРБИЈА, ПОРТУГАЛИЈА, ШПАНИЈА, ТУРЦИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. ГЛАВНА ТЕМА НА ПРОЕКТОТ Е ПРВА ПОМОШ.

Секаде во светот, прва помош е основното знаење кое треба да го совлада поединецот за да може да им помогне на своите најблиски и себеси во кризни ситуации. Знаењето
за пружањето прва помош е задолжително за секого и треба да биде дел од општа култура. Многу е важно младите да ја знаат и да ја разберат важноста на давањето помош во даден момент. Првата помош е чин на спасување животи, но е и одраз на хуманоста, алтруизмот и чувството за потреба од други луѓе. Затоа знаењето за прва помош треба да биде дел од здравствената култура на граѓаните.

“This project has been funded with support from the European Commission. This publication [communication] reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein”