First Aid WorldWide Manual
First Aid WorldWide Manual

Удар од гром

Удар од гром

Громот е ненадејно и моќно празнење на електрична енергија помеѓу облаците или помеѓу облаците и земјата, проследено со блесок (молња) и силен удар, тресок (грмежи). Луѓето кои се на отворено под некое осамено и високо дрво за време на бура и гром, се во опасност да бидат погодени од гром. Смртноста од удари од гром е 10-30%, а 50-70% од преживеаните имаат значителни нарушувања, најчесто на централниот нервен систем.
Ударот на гром може да биде директен (кога некое лице носи метални предмети на отворен простор за време на грмотевици) и индиректен (кога еднонасочна струја поминува низ дрво, кое има поголема отпорност отколку воздухот помеѓу дрвото и жртвата, па струјата наоѓа патека со помал отпор, т.е. низ жртвата) и поминува во земјата).

Прва помош

Симптомите и знаците на удар на гром се исти како оние на електричен удар. Принципите за давање прва помош се исти.