Идеја
Целите на проектот се:
- да се подобри квалитетот на давање прва помош кај општата популација врз основа на онлајн прирачникот
- креирање на онлајн прирачник како и обука за негово користење
- обука на наставниците за воведување на иновации во наставата по Прва помош
- креирање на семинар за примена на иновативни методи во Прва помош
- промоција на воведување и примена на онлајн прирачникот во училиштата и институциите.
Очекувани резултати од проектот се:
- нови начини на прикажување на реални повреди, со нови материјали како и прикажување на нови повреди кои претходно не биле прикажани
- нови, полесни за учење начини на нанесување на завој за глава за кои би било потребно помалку време за примена, поквалитетни лекции во училиштата со користење на онлајн прирачникот;
- пружање прва помош на полесен начин ,олеснување во учењето на учениците и примена на наученото
- подобро разбирање на значењето на користење на прва помош со помош на видео клипови за учениците и иновации во наставните методи за наставниците.