Erasmus+
Еразмус+ е најголемата европска образовна програма која се занимава со финансирање на проекти за мобилност и соработка во областа на образованието, обуката, младите и спортот. Создадна е во 2014 година, а во 2021 година влезе во нов седумгодишен период на имплементација кој ќе трае до 2027 година.
Општа цел и приоритети на програмата Еразмус+ 2021-2027 година
Програмата Еразмус+ настојува да овозможи учество на уште повеќе учесници и поширок опсег на организации во периодот 2021-2027 година. Во оваа насока, новата програма ја нагласува инклузивноста, зелените иницијативи и дигитализацијата како клучни и најважни приоритети кои ги поддржува преку финансиски механизми, потоа зајакнувањето на граѓанските вредности, дијалогот на културите, толеранцијата и разбирањето на општественото, културното и историското наследство.
Општата цел на Програмата е да го поддржи образовниот, професионалниот и личниот развој на луѓето во областа на образованието, обуката, младите и спортот преку доживотното учење.
Поминувањето време во друга земја со цел учење, обука и работа треба да стане стандард, како и познавање на два странски јазици покрај мајчиниот јазик.
На овој начин, Програмата значително придонесува за одржлив раст, подобри работни места и социјална кохезија, ги поттикнува иновациите и го премостува јазот во знаењата, вештините и компетенциите во Европа.
Кои се членовите на програмата?
Тоа се пред се европски земји, но и сите други земји во светот во одреден капацитет. Сите членки на програмата се поделени на земји-членки на ЕУ и трети земји поврзани со Програмата и трети земји кои не се поврзани со Програмата. Земјите-членки на ЕУ и трети земји поврзани со Програмата (членки на ЕУ и шест други земји: Северна Македонија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Турција и Србија) можат да учествуваат во сите делови на програмата, а трети земји кои не се поврзани со Програмата (сите други земји поделени по региони) можат да учествуваат само во некои делови од програмата.
Србија е полноправна членка на програмата Еразмус+ од 2019 година и има статус на трета земја поврзана со Програмата и овој статус ќе продолжи и во новиот повик. Тоа значи дека институциите и организациите од Србија би можеле да продолжат да аплицираат за сите видови проекти исто како и земјите членки на Европската Унија