First Aid WorldWide Manual
First Aid WorldWide Manual

Електична струја

Повреди од електична струја

Нисконапонската струја може да предизвика повреди најчесто во домаќинствата, поради неисправни апарати и електрични инсталации. Ако прекинувачот или приклучокот се фатат со влажни раце, постои висок ризик од електричен удар. Тоа е најчеста влезна точка за електрицитетот, а најчеста излезна точка е стапалото. Ако излезната точка е другата рака, тогаш патеката на струја низ телото е меѓу рацете, па таа е хоризонтална и минува низ срцето, па ваквиот струен удар е многу поопасен. На местото на влез и излез на струја се јавуваат изгореници, а струјниот удар предизвикува и силни мускулни грчеви, респираторен и срцев застој и губење на свеста.

Прва помош

Во случај на струенудар со низок напон, се применуваат следниве правила:
> пред да ја допрете жртвата, мора да се исклучи колото (извадете го приклучокот од штекерот, одвртете го осигурувачот на главната линија,струјомерот). Застанете на сув изолационен предмет и што е можно поскоро извадете ги каблите (или електричниот уред) од жртвата користејќи сув непроводник: дрвен линијар или гумени ракавици. Добро е да користите чизми и дебели гумени ракавици или да ги завиткате рацете во поголема количина сув текстил. Во овие ситуации, спасувачот мора секогаш да стои на суво
> Одделете ја жртвата од електричното коло со стап или со фаќање за проверена сува облека, само со едната рака, без да го допирате неговото тело. Жртвата може да се допре и да се процени неговата состојба само по исклучување од електричната мрежа.
> струјата може да се исклучи на главната линија или од струјното броило, но треба да се има предвид дека може да настане темнина, што ќе предизвика дополнителни проблеми при пружањето прва помош
> ако жртвата е во несвест, отворете му ги горните дишни патишта и проверете го дишењето и отчукувањата на срцето. Ако нема пулс, започнете со реанимација што е можно побрзо; ставете стерилна газа, завои на изгорениците, а во случај на скршеници, извршете имобилизација;
> ако онесвестениот дише, свртете го во странична релаксирачка положба и повикајте Итна медицинска помош.