Во завои кои се употребуваат за горни екстремитети: завој за рамо, лакто и шака. Зглобот на рамото е изграден од рамена коска и лопатка. Превивањето на повреденото рамо започнува со кружен слој од завој на десно околу горниот дел на надлактицата, потоа се спушта под неповредениот пазув, се пренесува преку рамената на грбот и се намотува на другиот пазув, па намотот преку градниот кош се враќа на повреденото рамо.
ВАЖНО!
Рамениот зглоб се поставува така да последниот намот покрива ½ или 2/3 од неговата ширина.
Зглобот на лактото е сложен зглоб кој гради рамена коска и лакотна коска. Превивање на зглобот на лактото почнува со 2-3 намоти во форма на желка преку оштетеното лакто, а потоа се продолжува со кружен намот кој наизменично се реди околу подлактицата и рамото, и вкрстување со длабокото лакто.
За превивање на зглобот на лактот може да се користи триаглеста (Есмархова) марама.
Завој “осумка за шака„ почнува со кружен фиксен слој малце над коските на рачјето, односно на рачниот зглоб. Потоа завојот се насочува по задната страна на шаката, се прави полу обрт по површината на дланката повторно по надворешната површина на шаката, па се вкрстување на првиот намот се враќа на спротивниот краб на зглобот на рачјето.
Во склоп на завоите на долните екстремитети разликуваме завои за колк, колено и стопало.
Завој на колкот може да го покрива долниот дел на стомакот, горната третина на бутот и кголемите седални мускули. Во однос на местото на кое се врши сечењето на намотот, разликување задни, бочни и предни (во пределот на слабината) завои.
Со кружни намоти околу појасот се поставува прицврстувачки слој, кој потоа се насочува од назад кон напред по колкот, и понатаму во насока на предната и внатрешната површина на бутот. Завојот го опфаќа задниот полуобем на колкот, излегува од нејзинаа надворешна страна и продолжува косо преку слабинскиот дел на задниот полуобем на трупот. Намотаите се повторуваат. Завојот може да биде влезен, ако е секој следен намот над претходниот, или ако е секој намот под претходниот.
Зглобот на коленото го гради бутната коска, чашката и подколеничниот дел. Завој за колено “желка„ почнува со прицврстување на намотот преку најистурениот дел на натколеницата. Потоа се прават дивергентни намоти во облик на осумка, кој се вкрстуваат во потколеничниот предел. Намотот се завршува со кружен облик во горната третина од потколеницата, или во долната третина на бутот, зависно од тоа каде повредата се наоѓа.
Кружниот завој за намотување на бутот се користи за задржување на завојниот материјал на раната и другите повреди на бутот. Ширината на завојот е 10-14 цм. Намотувањето почнува со прицврстување на кружните намоти во долната третина на бутот над колениот зглоб. Потоа со кружен намот се затвора целата површина на бутината од долу кон долу. По правило, таквите завои на бутот не држат добро и лесно може да се лизнат, па потоа се препорачува крстен намот околу бедрениот зглоб.
Ако е потребно завојот да се постави на долниот екстремитет во испружена положва, е користи спирална техниа на намотување. Превивањето започнува со кружен намот во горната третина на потколеницата, а завршува со фиксен намот во долната третина на бутот.
Завој на стопалото започнува со прицврстувачки намот под петната коска, при што се замотува позадината на стоплата, а во непосредна близина на коренот на прстите намотот поминува по дното на стапалот и се враќа по позадината на стопалото назад во пределот на петата. На истиот начин се поставува и следниот намот на завојот, кои ги прекриваат претходните намоти за 2/3 и постепено го подигнуваат на горниот скочен зглоб.