Техники на поставувања на завој и триаглеста марама на некои делови од телото
Замотавање на завојот е многу важна медицинско-техничка мерка во давање на прва помош кај отворени и затворени повреди. Основни материјали кој што се користат за прва помош се: завој, газа, вата и платнени материјали. Тие мора да бидат стерилни, лесни, меки и направени од материјали кој што упиваат секрети од раната, крв и гној.
Најчести типови за намотување на завој се:
Кружен (циркулаторен) – се користат за почеток на замотување на труп и слободни делови на горните и долните екстремитетит, и потполно прекривање на претходните материјали;
Змијолик тип – треба да ги прицврсти деловите на завојот, при што новиот не треба да го допира претходниот;
Спирален- се служи за замотување на рани на екстремитетите.
Завој во вид на желка – почнува со кружен завој, а следното намотување се поставува наизменично над и под местото на превивање (зглобови, лакта, колена и стопала);
Завој во форма на бројот осум – линиите се вкрстуваат во облик на бројот 8 и се поставуваат на зглобови и делови на телото: рамо, шака, колк или стопало.
Основни правила за поставување на завој се:
Завојот секогаш се одмотува со палецот да не испадне;
Поставувањето на завојот почнува и завршува надвор од раната;
Сите краеви на газата треба да бидат покријани;
Ако при големо крвавење крвта почне да тече низ газата, се поставуваат нови слоеви на газа и завој на веќе постоечките, при што не се отстрануваат претходно поставените завои.
На раната најчесто се поставува газа (тупфер), неколку пати преврзана, а преку тоа се поставува трака. Ако нема рана, се поставуваат калико завои од густа памична ткаенина, која се сечи на траки со различна ширина и должина, кој што се замотани во облик на валјак.
Најчести врсти на завој за повреда на главата се: Хипократова кара, завој за едно око, завој за двете очи и завој за нос и брада (“прачка„)
Хипократова капа (завој околу главата) се состои од два завои со ширина од 10 цм кој служат за запирање на крвавење и прицврстување на кожата на главата во случај на рана и изгореница.
Техники за поставување на Хипократова капа
Повредената личност се поставува да седни со лицето свртено спрема спасителот кој со левата и десната рака завзема два дводелни завои;
Завојот се поставува на тилниот дел од главата на повреденото лице, а двата краева на завојот се преместуваат до челниот дел на главата;
Завојот се намотува и повлекува околу тилниот дел на главата
Краевите на завојот потоа се преместуваат: лев крај во десна рака, десен крај во лева рака;
Завојот во левата рака се поместува преку темениот дел од главата, а завојот во десната рака се замотува околу челниот дел на главата;
Краевите на завојот се премествуаат од десна во лева рака и обратно;
Методата се извршува се додека не се прекрие темениот дел на главата;
Завој во левата рака се прицврстува во пределот на тилот, а со завојот во десната рака се прави слој за прицврстување околу главата. Завој во пределот на тилот се повива и се носи кон двете раце кај челниот дел од главата;
На крај завојот се врзува на чвор и се одсекува вишокот;
Завој за едно око (монокуларни завој) се применува за прицврстување на стерилен материјал во пределот на окото, во случај на повреда и болест.
Потребен материјал: завој, вата и гази, фластер, ножици. Пред поставување на завојот остетеното око се прекрва со заштитна влошка од газа и/или вата. Постојат две шеми на поставување на овој завој, зависно од смерот на навоите, кои непосредно го затвораат окото: од горе према долу и од долу према горе.
Специфичноста при поставување на косо-кружните навои на едно око од долу кон горе: поставувањето на завојот на левото око е подобро да се прави од десно кон лево (во однос на повредената личност), а на десно око – од лево кон десно, додека при поставување на косите навои од долу кон горе и обратно (поставување на завојот на лево око треба да се прави од лево кон десно, а десно око треба од десно кон лево)
Техники на поставување на завој на едното око ги опфаќа следните правила:
Се прават кружни, цврсти на намоти околу главата преку челната и тилната регија, почнувајќи од страна на болното око;
Прицврстувачкиот намот од завојот се поставува околу главата, со што го зафаќа челната и тилната испакнатост;од назад завојот се спушта кон доле и снагоре под ушните делови од страната на повреденото око, преку образот, со што со неколку замотувања се затвара повреденото око;
Кос слој на завој се прицврстува околу челниот и тилниот предел на глава. Поради тоа се прави наизменичен кос намот (кој малку ги прекрива претходните коси навои) и кружни навои околу главата;
Повторувачките кружни намоти околу главата и преку пределото на окото во потребен број, го прекрива повреденото око. Потоа со завој се прицврстува завојот и неговите поврзувања во форма на чвор (од спротивната страна на повреденото око)
Бинокуларен завој за очите се користи за прицврстување на стерилниот материјал во пределот на очите при нивно заболување или повредување.
Упаства за поставување на завои на двете очи: се прицврстува за материјален завој во пределот на очите при нивна повреда или болест
Потребен материјал: завој, изолациони влошки од вата и газа, ножии и фластер.
Техники на поставување на завој за двете очи се следните:
Пред поставување на завојот, повредената личност треба да се постави во позиција со лицето свртено преку спасител. На очите се поставуваат влошки од вати и гази;
Поставување на завој на двете очи започнува со кружно прицврстување за намотување околу главата преку челното и тилното испакнување. Завој се поставува;
Во пределот на тилот на завој се спушта косу надолу:
Поради тоа завојот се поставува под усните ресицки, се усмерува косо нагоре по десниот образ преку лицето, со што се затвора десното око и челото;
Кога се поставува кружниот намот околу главата, завојот понатаму се насочува преку лицето косо надолу, преку левото око под усната ресичка кон тилот;
Завојот се поставува преку другото око се додека очната шуплина целосно не биди прекриена;
На крај завојот се прицврстува со кружен хоризонтален намот.
“Прачка„ за нос, усни и брада се прави така што ширината на завојот треба да биде доволна за да ја покрие целата повредена површина, а должината треба да изнесува како едно око или во однос на обемот на главата. Со двата краја на завојот се расцепуваат надолжно двата дела,а средината се остава цела за да го покрие повредениот нос или брада. На рана се прво се поставува стерилна газа, а потоа на нејзе се поставува нарасечен дел од завој, чии краеве се вкрстуваат и се поврзуваат отпозади.